анализа

Таравари најавува заминување од Владата, конечната одлука ќе се усвои на состанок на највисокото партиско тело

11.05.2025 14:30

Таравари најавува заминување од Владата, а конечната одлука ќе се усвои на состанок на највисокото партиско тело и да се потврди на состанокот со премиерот. Во меѓувреме аналитичарите со став излегувањето на Алијанса за Албанците од Владата ќе се рефлектира на Бадентеровото мнозинство во Собранието, но велат дека и без тие пратеници – владејачката коалиција е стабилна...

Ако Арбен Таравари излезе од владејачката коалиција во опозиција ќе има повеќе пратеници Албанци што може да го доведе во прашање усвојувањето на законите кои се носат со Бадентерово мнозинство, смета аналитичарот Џелал Незири. Сепак, тој е на став дека тоа сценарио е помалку веројатно и очекува пратениците и функционерите на Таравари да останат во коалицијата „Вреди“, бидејќи за нив е непосакувано да се на опозициска страна заедно со ДУИ независно што не би соработувале со нив.

И аналитичарот Александар Илиев е на став дека заминувањето на Таравари во опозиција ќе се рефлектира врз Бадентеровото мнозинство во Собранието, но истовремено ќе значи и притисок врз „Вреди“ да се бори за подобар изборен резултат. Илиев не очекува дека овој потег на министерот за здравство ќе ги натера ВМРО-ДПМНЕ на предвремено одмерување на силите за нов парламентарен состав.

Се поизвесно е дека Алијанса за Албанците предводена од Таравари ќе делува од опозиција, а финалната одлуката за напуштање на Владата, треба да ја донесе партиското раководство. Во меѓувреме и министерот за здравство и премиерот потврдија дека ќе имаат уште една средба нареднава недела на која ќе ги си ги разменат ставовите и ќе се донесе финална одлука.

 

Анита Димитријевска – Велковска