Швајцарската фармацевтска компанија „Ронтис“ ќе инвестира во земјава, најави Мицкоски
Швајцарската фармацевтска компанија „Ронтис“ ќе инвестира во Македонија. Главен приоритет на Владата се инвестиции и отворање на нови работни места што ќе резултира со отворање на повеќе од 500 работни места...

Нова швајцарска инвестиција, најави претседателот на Владата Христијан Мицкоски. Станува збор за фармацевтската компанија „Ронтис“ чија инвестиција од десетици милиони евра, ќе отвори околу 500 работни места во Македонија. Инвестициите и отворањето нови работни места остануваат едни од главните приоритети на македонската влада, порача премиерот Мицкоски.
Минатата 2024-та година, Македонија ја заврши со рекордни над милијарда евра странски директни инвестиции. Според Владата целата е Македонија да биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот, за поголем раст и развој на економијата.
Марија Котовска
