Почина холивудската легенда Лорен Бекол

13.08.2014 11:08

За време на нејзината седумдецениска актерска кариера, Бекол доби Златен глобус за филмот Огледало, а во 2009-тата и беше доделен почесен Оскар...

Почина ѕвездата на златното време во Холивуд, Лорен Бекол. Потврдено е дека актерката починала од мозочен удар во нејзиниот дом во Њујорк.

Бекол, која беше во брак со Хемфри Богарт, ги направи своите најславни филмови во 40-те и 50-те години од минатиот век, но продолжи со успешните улоги и во своите 80-ти години.

Освен бракот со Богарт, Бекол била верена за Френк Синатра, а подоцна се омажила и за актерот Џејсон Робардс.

За време на нејзината седумдецениска актерска кариера, Бекол доби Златен глобус за филмот Огледало, а во 2009-тата и беше доделен почесен Оскар за признавањето на „нејзиното централно место во златното доба на филмови“.