Зеленски подготвен за разговори со Путин
Украинскиот претседател изјави дека чека целосен и условен прекин на огнот, кој ќе трае доволно долго за да обезбеди неопходна основа за дипломатијата...

Зеленски е подготвен лично да разговара со рускиот претседател Путин в четврток во Истанбул за завршување на војната. Украинскиот претседател изјави дека чека целосен и условен прекин на огнот, кој ќе трае доволно долго за да обезбеди неопходна основа за дипломатијата. Москва и натаму без одговор на предлогот.
„Овој четврток на 15 мај ќе бидам во Турција и очекувам Путин да дојде, лично. И се надевам дека овој пат Путин нема да бара изговори зошто не може да стигне. Подготвени сме да разговараме, да ставиме крај на оваа војна. Претседателот Трамп изрази поддршка. Сите лидери го поддржуваат ова“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Барање за 30-дневен прекин на огнот беше изнесено од лидерите на Велика Британија, Франција, Германија и Полска, при посетата на Киев, кои заедно со Зеленски му се јавија телефонски на претседателот Трамп. Британскиот премиер Стармер изјави дека доколку Путин ја отфрли понудата тие ќе воведат нови санкции кон Москва и ќе ја зголемат воената помош за Украина со цел Русија да седне на преговарачка маса.
