Трговија

На повидок крај на трговската војна меѓу САД и Кина

12.05.2025 08:54

Трамп постигна договор со Кина при разговорите на неутрален терен, во Женева, соопшти Белата куќа. Двете страни се согласија за воспоставување механизам за консултации за трговски и економски прашања...

На повидок крај на трговската војна меѓу двете најголеми светски економии.

Администрацијата на американскиот претседател Трамп постигна договор со Кина при разговорите на неутрален терен, во Женева, соопшти Белата куќа. Двете страни се согласија за воспоставување механизам за консултации за трговски и економски прашања. Деталите се очекуваат.

„Среќен сум што можам да известам дека постигнавме значителен напредок меѓу Соединетите држави и Кина во овие многу важни трговски разговори. Прво, сакам да се заблагодарам на нашиот домаќин, швајцарската влада. Беше многу љубезен што ни го обезбеди ова прекрасно место. и мислам дека тоа доведе до голем дел од продуктивноста што ја видовме“. изјави Скот Бесент, министер за финансии на САД.

„Средбата беше продуктивна и е важен прв чекор преземен од двете страни за соодветно решавање на нивните разлики преку рамноправен дијалог, а исто така и за премостување на разликите и продлабочување на соработката. Оваа средба ги постави темелите и создаде услови за тоа“, изјави Хе Лифенг, вицепремиер на Кина

Тензиите меѓу Вашингтон и Пекинг се зголемија по реципрочните царини за увоз од над 100 насто.