Албанија

Се пребројуваат гласовите, води партијата на Рама

12.05.2025 08:24

Победа на Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама на парламентарните избори во Албанија...

Победа на Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама на парламентарните избори во Албанија, покажуваат излезните анкети по завршувањето на гласањето.

Според досега пребројаното, партијата успеа да обезбеди 53,49% од гласовите од пребројувањето на над илјада гласачки центри од 5.225 гласачки места. Демократската партија на Сали Бериша досега брои 33% од гласовите. Процесот на пребројување сè уште трае низ целата земја.

Социјалистичката партија реагираше на одлуката на ЦИК за посебно пребројување на гласовите на дијаспората во Грција.