ракомет
Македонската ракометна репрезентација се пласираше на Европско првенство
11.05.2025 20:23
Ракометната репрезентација на Македонија го продолжи континуитетот и ќе игра на Европското првенство (ЕП) во 2026 година...

Ракометната репрезентација на Македонија ја победи Литванија со убедливи 26-17 и се пласираше на уште едно Европско првенство, момците на Кире Лазаров одиграа моќен натпревар. Мартин Серафимов и капитенот Кузмановски имаа најголем број погодоци.
Ова за нашата репрезентација ќе биде осмо учество на континентален собир по ред, вкупно деветто.