Скопје: Се проширува дел од крстосницата на булеварот Александар Македонски
Коловозот на булеварот Александар Македонски ќе се прошири во должина од 150 метри, соопштуваат од Град Скопје...
Екипите на Градот Скопје деновиве прошируваат дел од крстосницата на булеварот Александар Македонски со улицата 16-та Македонска бригада. Во текот на градежните работи коловозот на булеварот Александар Македонски ќе се прошири за една сообраќајна лента со ширина од 3,5 метри, во делот пред и по свртувањето во десно кон улицата 16-та Македонска бригада, кон базата на Противпожарната бригада.
Коловозот на булеварот Александар Македонски ќе се прошири во должина од 150 метри, соопштуваат од Град Скопје.
Со проширувањето на дел од крстосницата меѓу булеварот Александар Македонски и улицата 16-та Македонска бригада во голема мера ќе се намали метежот во сообраќајот и ќе се олесни свртувањето во десно, кон базата на Противпожарната бригада.
Градежните работи се очекува да завршат за еден месец.