Во тек се завршните зборови за модуларната болница во Тетово
За овој случај во кој им се суди по вторпат на поранешните директори на тетовската болница Флорим Бесими и Артан Етеми како и за правното лица Клиничка болница Тетово се очекува да биде донесена втора пресуда.

Во Основниот суд во Тетово во тек се завршните зборови за случајот модуларна болница. За овој случај во кој им се суди по вторпат на поранешните директори на тетовската болница Флорим Бесими, Артан Етеми како и за правното лица Клиничка болница Тетово се очекува да биде донесена втора пресуда.
Сите се товарат за тешки дела против општата сигурност. Со повторното судење не се бара одговорност за настанувањето на пожарот, туку за последиците кои ги предизвикал. Пожарот во тетовската модуларна болница избувна на 8 септември 2021 година, за неколку минути 14 луѓе го загубија животот.
Во истрагата се вклучија и германски истражители, а беше констатирано дека пожарот го предизвикал продолжен кабел за струја на кој бил приклучен дефибрилатор и полнач за мобилен телефон.
