Доскорешните партнери му го свртеа грбот на Таравари
Премиерот Мицкоски веќе го најави пиењето последно кафе со Таравари и му посака здравје, иако не очекувал дека ќе се врати во прегратките на ДУИ. И без него владината коалиција е стабилна...

Во Владата нема место за соработници на ДУИ. Директна порака до Таравари од неговите партнери ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ, ВРЕДИ. И без него владината коалиција е стабилна, а парламентарното мнозинство е двотретинско – велат партиите на власт.
Премиерот Мицкоски веќе го најави пиењето последно кафе со Таравари и му посака здравје, иако не очекувал дека ќе се врати во прегратките на ДУИ. Интегративците, пак, остануваат на ставот за предвремени парламентарни избори поради, како што велат, моноетничноста на коалицијата.
„Ова парламентарно мнозинство ги промаши клучните стратешки интереси на државата и затоа се распаѓа. Време е да се преиспита легитимитетот на политичките претставници на предвремени парламентарни избори“, стои во соопштението од ДУИ.
Таравари, пак, смета дека постои Албанците се маргинализирани. Најдоцна за два дена партиските органи ќе ја донесат одлуката, по што Таравари лично ќе разговара со премиерот за да му ја каже одлуката.
Миле А. Ристески
