Образование

Додека матурантите го спремаат тестот на зрелоста, основците се подготвуваат за едносменска настава

12.05.2025 14:12

На неколку недели пред одржувањето на државната матурата, Министерството за образование со ригорозни правила за денот на испитот, со цел да спречи ново масовно препишување...

Еден ипол метар растојание помеѓу учениците, забрана за употреба на мобилни телефони во просториите, полагање на испитот во амфитеатри. На неколку недели пред одржувањето на државната матурата, Министерството за образование со ригорозни правила за денот на испитот, со цел да спречи ново масовно препишување. Дали ќе се случи ланското сценарио кога на Вибер групите се споделуваше тестот по англиски, зависи од свеста на сите инволвирани во процесот, вели министерката Јаневска.

Додека матурантите го спремаат тестот на зрелоста, основците се подготвуваат за едносменска настава. Локалните власти во Штип почнаа да ги оптимизираат училиштата, но за завршување на процесот ќе бидат потребни години.

Досега едносменска настава е воведена во 151 училиште, во две смени работат 245. Предмет на анализа се над 106 училишта во кои треба да се направат доградби за да преминат во настава во една смена.

 

Викторија Милевска