Мицкоски за првите моменти по трагедијата во Кочани
Понудата за помош од странство стигна брзо, но не беше лесно да се прифати поради политичките односи со некои од соседите – премиерот Мицкоски проговори за првите моменти по трагедијата во Кочани. Вели, одлуката беше тешка, но исправна...

Имам 47 години и кога би анализирал кој е најтежок ден во мојот живот, тоа беше денот кога се случи несреќата во Кочани, рече премиерот Мицкоски. Се присети како во три часот на полноќ, на вратата затропал човек од обезбедувањето на министерот за внатрешни работи Тошковски и околу 5 часот стигнал во Кочани. Но, и во такви моменти требаше да се носат одлуки, имаше многу жртви, пристигнуваа понуди за помош.
Првите пациенти кои беа во најкритична состојба беа транспортирани брзо. За 2 дена, 200 повредени беа транспортирани во странски болници.
На 16 март во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ загинаа 59 млади луѓе, тројца им подлегнаа на повредите неколку недели подоцна. Веќе нема пациенти во живото загрозувачка состојба, уште 18 се лекуваат во странство.
Наташа Јанчиќ - Менковски
