Прилеп

Поголем квалитет за поштенски пратки и информираност

12.05.2025 17:37

Треба да се зголеми квалитетот на поштенските услуги. Во земјава прометот на поштенски пратки варира. Граѓаните со различна доверба кај приватните или националното претпријатие. Агенцијата за пошти која се бори со нелиценцираните, вели дека граѓаните не се доволно информирани за правата, а земјава не била многу скапа со услугите …

Дали поштарот ѕвони навреме и каде да заѕвониме ние ако пратката не стигне? Граѓаните имаат свој фаворит за доверба.

Граѓаните сè уште не си ги знаат правата за рекламација, сметаат во Агенцијата за пошти иако таму има малку поплаки. Регулаторот стои на располагање и објаснување.

Во земјава се 29 лиценцирани даватели на поштенски услуги. Во година и половина 4 приватни ја загубиле лиценцата. Агенцијата се бори да ги открие дивите пошти за да направи ред во поштенските услуги за кои смета дека не се скапи во споредба со другите земји.

Прометот на поштенски пратки варира. Малку се стабилизирал во 2023, но пак опаѓа.

 

Елизабета Митреска