Во Скопје се одржува Самитот „Македонија 2025“
Во Скопје се одржува Самитот „Македонија 2025“, на кој присуствуваат преку 500 економски експерти, директори на тинк-тенкови, поранешни и сегашни премиери и министри од земјава и од странство. На првиот панел говореше премиерот Мицкоски, кој рече дека визијата за домашната економија е нулта толеранција на корупцијата, пет насто економски раст годишно, пристап до Европската унија и ефикасна јавна администрација...

Нулта толеранција за корупцијата, раст на 5 насто и влез во ЕУ, Македонија 2025 не отстапува од оваа визија за земјава. За ова се потребни луѓе, политики и консензус. Корупцијата е рак-рана на општеството – на над 80 отсто од граѓаните им било побарало мито, а над 40 би дале за да завршат некоја работа. Наместо борба за минималец, потребно е да се излезе од замката и да има економска оправданост на зголемување на платите – ова се клучните предизвици кои оневозможуваат повисок раст, истакна директорката на „Македонија 2025“, Никица Мојсовска-Блажески.
Првично беше потребна стабилизација на државата по слободниот пад. Кога некој ќе каже не функционираат институциите, јас одговарам – немавме институции, рече премиерот Мицкоски. И покрај тоа, тој посочи дека се завршени дел од инфраструктурните проекти за кои биле исплатени пари, а не биле средени имотно-правните односи. Започнати се реформи во енергетиката, образованието и дигитализацијата. Треба да се искористи геостратешката предност на земјава како крстосница помеѓу коридорите 8 и 10, вели Мицкоски.
Дијаспората порача, тука сме да дадеме паметна иницијатива, од бизнисот очекуваме да каже каде да ја насочиме.
Премиерот најави голем инвестициски циклус. Според него, проекциите за раст на БДП од 3,5 и 4 отсто се оправдани и може да се постигнат.
Александра Велинова
