Вардар- Металург, нов ракометен празник!
На бојното поле одново истрчуваат Вардар и Металург! Може ли да се замисли попривлечен крај на ракометната 2013? Двата ривала од скопското соседство по четврти пат во сезонава ќе ги вкрстат копјата. Натпревар исполнет со вообичаениот силен набој. Дуел инспиративен и за актерите на теренот и за приврзаниците на двата тима на трибините во „Борис Трајковски“. Резултатската неизвесност по традиција ги краси соочувањата на двата ракометни силници. На 7-ми септември претставата што ја приредија на отворањето на СЕХА лигата имаше интензитет на ракометна луња со помирлив крај-28:28.

На бојното поле одново истрчуваат Вардар и Металург! Може ли да се замисли попривлечен крај на ракометната 2013? Двата ривала од скопското соседство по четврти пат во сезонава ќе ги вкрстат копјата. Натпревар исполнет со вообичаениот силен набој. Дуел инспиративен и за актерите на теренот и за приврзаниците на двата тима на трибините во „Борис Трајковски“. Резултатската неизвесност по традиција ги краси соочувањата на двата ракометни силници. На 7-ми септември претставата што ја приредија на отворањето на СЕХА лигата имаше интензитет на ракометна луња со помирлив крај-28:28. Во Лигата на шампионите двата состава имаа по една победничка радост: најнапред Вардар славеше со 27:22, а Металург се реваншира со 26:18.
Пласман на едно од првите четири места и учество на завршниот турнир од регионалната лига е целта на двата клуба. Вардар во моментов е трет со 25 бода од единаесет мечеви. Металург е на четвртото место со 19 бода исковани во 10 натпревари. Тимот од Автокоманда со жал за пропуштената шанса во саботата да му нанесе пораз на водечкиот Загреб, влегува во денешното дерби.
Следува нов празник на ракометот со многу ѕвезди на теренот, со услови за врвна играчка креација, со очекуван резултатски заплет и атмосфера достојна за големото дерби!
Почетокот е во 17.45 со пренос на Првиот програмски сервис на МРТ.
