14 нови државни градинки ќе бидат отворедни до крајот на годинава
Со ова се излегува во пресрет на родителите кои досега биле принудени да ги носат децата во најблиската градинка надвор од местото на живеење...
До крајот на годинава ќе бидат отворени 14 нови државни градинки. Владата планира овие дефицитарни објекти да ги изгради или да ги реновира во местата каде што досега немало вакви установи.
„Во рамките на овој акциски план се работи на отворање на 14 градинки и тоа во следните општини и населени места: во Дојран, Демир Капија, Василево, Босилово, Моноспитово, во Кочани во населеното место Оризари, во Виница во селото Истибања, во Карбинци, во Кривогаштани, во Дебар во селото Могорче, во Ѓорче Петров, во Липково, во Сарај и две градинки се предвидени да бидат отворени во општината Кисела Вода“, изјави денеска портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев.
Со ова се излегува во пресрет на родителите кои досега биле принудени да ги носат децата во најблиската градинка надвор од местото на живеење.