Скопје

Протест на Независниот синдикат на полицијата

12.05.2025 17:18

Независниот синдикат на полицијата на протест. Сметаат дека основната плата на полициските службеници не смее да биде под минималната.

Основната плата на полициските службеници не смее да биде под законскиот минималец. Независниот синдикат на протест побара скопските судови да ја следат праксата на колегите од Гостивар и Битола и да го применат Законот за минимална плата.

Од Независниот синдикат појаснуваат дека има илјадници тужби против МВР со кои полицајците бараат да им се досуди разликата до минималецот. Од скопска Апелација за МТВ велат дека досега немаат донесено пресуда поразлична од оние на другите апелациски судови.

„Од страна на овој суд, во жалбена постапка, првостепените пресуди по овие предмети се укинати заради дополнување на економските вештачења, со цел правилно и целосно утврдување на фактичката состојба“, велат од скопска Апелација.

МВР смета дека секој има право да протестира, но оттаму проблемот го лоцираа во судовите.

Од Синдикатот се заканија, ако не добијат пресуди за шест месеци, ќе поднесат претставки за кршење на начелото – судење во разумен рок.

Анита Димитријевска – Велковска