Ден на медицинските сестри

Троен недостиг на медицински сестри

12.05.2025 16:47

Медицинските сестри се соочуваат со катастрофален недостаток, земјата потребни 1.200 нови вработувања. Недостигот на медицински сестри ја загрозува здравствената заштита …

Ако во тек е конкурс за вработување на 600 специјализанти, веднаш треба да има вработување и за 1.200 медицински сестри – вели претседателката на Унијата. Професијата се соочува со сериозен дефицит, додека медицински сестри работат со договор на дело. Кадарот се одлева поради катастрофалните услови за работа и ниските плати, недостигот најмногу се чувствува на одделите за интензивна нега каде се лекуваат најтешко болните, има дефицит од инструментарки во операциони сали, а сестри фалат и на одделите за хоспитализација. Па затоа честопати се затвораат оддели и операциони сали.

„За жал, поради големата несреќа што ни се случи потребно е да се прифатат пациенти на кои им треба подолготрајно лекување, но во болниците кои треба да ги прифатат и да одговорат на предизвикот се затвораат оддели и одредени сегменти. Ова ни се случува и поради годишните одмори и други причини, мора нешто да затворите за да можете да функционирате. На тој начин им ускратувате здравствени услуги на пациентите од тие области“, изјави Гордана Бешлиоска – претседател на Унијата на Здруженија на медицински сестри.

Во земјава има околу 9.200 медицински сестри. За нормално функционирање на здравствените установи потребно е двојно зголемување на бројката.

За да се надмине проблемот со одливот на медицински сестри, од Здружението велат неопходно е да се донесе законот за сестринска дејност кој ќе ја регулира оваа професија во однос на образованието, работните задачи и одговорностите.
Според податоците на унијата „За нас“, близу 2.000 здравствени работници за една година ја напуштиле Македонија и за подобри услови за работа заминале да работат во западноевропските земји.

 

Андријана Ѓурческа