Јавна расправа за експлоатација на јаглен
ЕСМ се подготвува за активирање на наоѓалиштето на јаглен во Живојно. Се проценува дека има околу 24 милиони тони. пред експлоатацијата, јавна расправа за влијанието врз животната средина.

Најдоцна за три години, во функција ќе биде новото наоѓалиште за јаглен во Живојно, со кое РЕК ќе добие квалитетен јаглен и успешно ќе влезе во процесот на транзиција.
Обезбедувањето на јаглен од локални извори, е стратешки чекор за непречено производство на електрична енергија-до целосниот премин кон зелено сценарио, како и намалување на производствената цена на електричната енергија, велат од РЕК. Предвидувањата се дека на ова наоѓалиште има околу 24 милиот тони квалитетен јаглен. Што е доволно, за потребите на комбинатот до крајот проектот, кој ќе се одвива во период од 7 години.
Едногодишниот мониторинг, спроведен од страна на акредитирана лабораторија, со која се опфатени влијанијата од овој проект врз животната средина, односно подземните води, воздух, почва, ризикот по здравјето на луѓето како и биодиверзитетот, покажуваат дека проектот ќе доведе до нарушување на животната средина, но без поголеми негативни влијанија доколку се почитуваат предвидените мерки
Експлоатацијата на јаглен од рудникот Живојно, ќе овозможи економски исплатлив транспорт и понизок јаглероден отпечаток. РЕК повеќе нема да биде зависен од увозниот јаглен и производството на електрична енергија ќе се потпре на сопствени ресурси.
Александра Максимовска
