Дипломатија
Средба Муцунски - Стенергард во Шведска
12.05.2025 19:19
Одлична средба со министерката за надворешни работи на Шведска, Мариа Малмер Стенергард ...

Одлична средба со министерката за надворешни работи на Шведска, Мариа Малмер Стенергард.
Во фокусот на разговорите беа билатералната соработка, поддршката за европската интеграција, економските можности, како и актуелните безбедносни и политички предизвици во регионот и Европа.
Изразив благодарност за принципиелната поддршка од страна на Шведска за нашата интеграција во ЕУ, како и за солидарноста и помошта по пожарот во Кочани.
Ја истакнав и улогата на нашата земја како конструктивен и доверлив партнер во регионот, посветен на стабилноста, дијалогот и добрососедските односи.
