Високите температури не ги зголемија повиците во Итната помош
Лекарите велат промената на температурата најмногу влијае има врз хронично болните. Апелираат да се почитуваат препораките...
Високите температути не ги зголемија повиците во Итната медицинска помош. Од 70 до 90 повици дневно, a некои денови бројката достигнува и 100. Лекарите велат промената на температурата најмногу влијае има врз хронично болните.
Апелираат да се почитуваат препораките. Да не се изложува на сонце од 10 до 17 часот, да се пијат течности, да се јаде свежа храна и да се зема потребната терапија.
Денеска има жолта, предупредувачка фаза во земјава. Погодени се Охридско- преспанскиот и Полошкиот регион, поточно Охрид, Струга, Дебар и Ресен, Тетово, Гостивар, Кичево, Маврово и Македонски Брод.
Овие температури ќе потраат до крајот на неделава. Утре жителите на главниот град ќе почуствуваат температура од 40-тина степени.
Следната недела се очекува пад на температурите.