Политика

Алијансата за Албанците ја напушта Владата

12.05.2025 21:44

„Централното претседателство и претседателите на ограноците, одлучија да одат во опозиција“, објави Таравари по состанокот...

Алијансата за Албанците донесе одлука да ја напушти владата и да премине во опозиција.

„Централното претседателство и претседателите на ограноците, одлучија да одат во опозиција“, објави Таравари по состанокот.

До оваа одлука дошле поради незадоволства, при што ги спомена балансерот и Законот за јазиците. Таравари рече дека ќе му се вратат на граѓанинот и дека Алијанса за Албанците е уникатна партија.