Во Кривичен ќе биде објавена пресудата за Васил Јованов
Во скопскиот Кривичен суд ќе биде објавена пресудата за Васил Јованов, кој на пешачки премин на „Партизанска“ ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино. Обвинет е за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Максималната казна е 20 години затвор...

Во скопскиот Кривичен суд ќе биде објавена пресудата за Васил Јованов, кој на пешачки премин на „Партизанска“ ја прегази 22-годишната Фросина Кулакова од Неготино. Обвинет е за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Максималната казна е 20 години затвор. На последното рочиште Јованов призна вина и изрази каење. Обвинителот како докази за одмерување на видот и висината на казната, пред судот го наведе тоа што за Јованов има правосилна пресуда со казна затвор од 3 години и 10 месеци и 5 прекршочни постапки за разни сообраќајни прекршоци, кои не се процесуирани.
Неговиот бранител, адвокатот Сашко Дуковски достави докази дека Јованов бил одличен ученик и спортист и рече дека не треба да се суди според народната-око за око, заб за заб. Адвокатот и семејството Кулакови побараа највисока казна за обвинетиот, земајќи ги како отежнителни околности тоа што управувал возило без возачка дозвола, под дејство на алкохол и без почитување на сообраќајните правила.
