Украина

Расте притисокот врз Русија

13.05.2025 08:19

Зеленски вели дека би сакал да го види Трамп присутен на претстојните разговори меѓу Украина и Русија во Турција...

Русија тактизира. Нема одговор за средбата Зеленски – Путин во Истанбул, ниту за барањето за итен 30-дневен прекин на огнот. Зеленски вели дека би сакал да го види Трамп присутен на претстојните разговори меѓу Украина и Русија во Турција.

„За жал, светот сè уште не доби јасен одговор од Русија на бројните предлози за прекин на огнот. Руското гранатирање и напади продолжуваат. Москва молчеше цел ден во врска со предлогот за директна средба. Многу чудна тишина. На еден или друг начин, Русија ќе мора да ја заврши оваа војна и колку побрзо, толку подобро“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Американскиот претседател рече дека е оптимист во врска со очекуваните разговори во Истанбул.

„Мислам дека можеби ќе имаме добар резултат од состанокот во четврток во Турција меѓу Русија и Украина. И верувам дека двајцата лидери ќе бидат таму. Размислував да одлетам. Не знам каде ќе бидам во четврток. Имам толку многу состаноци. Но, размислував всушност да одлетам таму. Постои можност за тоа“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Претходно ЕУ даде ултиматум прекинот на огнот да почне кон крајот на вчерашниот ден портпаролот на Кремљ изјави дека ултиматумите се неприфатливи, а руската администрација е фокусирана на сериозна потрага по начини за постигнување долгорочно мирно.