Хамас ослободи заложник од Газа
Ослободувањето беше прво откако Израел го прекина осумнеделното примирје со Хамас во март и продолжи со жестоки напади врз Газа...

Ослободениот израелско-американски заложник еден Александар пристигна синоќа во Тел Авив по повеќе од 19 месеци во заробеништво во појасот Газа. Ослободувањето беше прво откако Израел го прекина осумнеделното примирје со Хамас во март и продолжи со жестоки напади врз Газа.
„Ова беше постигнато благодарение на нашиот воен притисок и политичкиот притисок што го изврши претседателот Трамп. Ова е добитна комбинација. Денес разговарав со претседателот Трамп. Тој ми рече-јас сум посветен на Израел. Јас сум посветен да продолжам да соработувам со вас за да ги постигнеме сите наши воени цели, да ги ослободиме сите заложници и да го победиме Хамас. Тоа оди заедно“, изјави Бенјамин Нетанјаху.
Посетата на шефот на Белата куќа на Блискиот Исток оваа недела нема да вклучува посета на Израел, ниту директни разговори со Иран за нуклеарната програма на Техеран.
