Азија

Моди: Индија нема да толерира нуклеарна цена

13.05.2025 09:51

Ова е прва изјава на шефот на индиската влада по договорот од саботата меѓу Индија и Пакистан за запирање на сите воени дејствија во рамките на прекинот на огнот постигнат со посредство на САД...

Ја паузиравме воената акција и ќе се одмаздиме по свои услови доколку има каков било иден терористички напад врз Индија, истакна премиерот, Моди. Ова е прва изјава на шефот на индиската влада по договорот од саботата меѓу Индија и Пакистан за запирање на сите воени дејствија во рамките на прекинот на огнот постигнат со посредство на САД.

Индија нема да толерира никаква нуклеарна уцена. Индија ќе удри прецизно и решително врз терористичките скривалишта што се развиваат под маската на нуклеарна уцена.Ова секако не е ера на војна, но исто така не е ера на тероризам. Нулта толеранција против тероризмот е гаранција за подобар свет“, изјави Нарендра Моди, премиер на Индија.

Индиските и пакистанските власти соопштија дека нема пријавени напади долж силно милитаризираниот регион.