Македонија

Верските лидери ќе потпишат декларација против насилен екстремизам

13.05.2025 08:55

Верските лидери во земјата ќе потпишат декларација против насилен екстремизам. Ова е во организација на македонскиот Центар за меѓународна соработка и комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи.

Денеска верските лидери во земјата ќе потпишат декларација против насилен екстремизам. Ова е во организација на македонскиот Центар за меѓународна соработка и комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи.

Како што стои во соопштението, овие заедници се меѓу клучните чинители во превенцијата и спречувањето на насилниот екстремизам, бидејќи присуството и активностите со граѓаните кои положуваат доверба кон нив, можат да бидат од голема полза во зајакнувањето на заедниците како целина.