Вилијамс во Мајами, Индијана го сака Мерион
Мајами го потврди преминот на Реџи Вилијамс. 27-годишниот кошаркар беше слободен агент, а без оглед што не се соопштуваат детали од договорот, американските медиуми пишуваат дека Вилијамс ќе игра кај „жешките“ до крајот на наредната сезона. Досега во кариерата тој играше за Голден Стејт, за Шарлот и за Оклахома, а во Европа настапуваше во Дижон и во Каха Лаборал.

Во екот на преодниот период во НБА лигата, Индијана бара замена за повредениот Пол Џорџ и сака да ги обезбеди услугите на Шон Мерион. Претсетаделот на „пејсерс“, легендата на американската кошарка Лари Бирд, потврди дека Мерион бил на преговори во Индијанаполис, но работата се уште не е завршена. Мерион зад себе има 15 сезони во професионалната кошаркарска конкуренција.