МВР

Лишен од слобода ресенчанец затоа што управувал возило под дејство на алкохол

13.05.2025 15:00

Полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода Х.Б.(68) од Ресен.

Синоќа во 00.40 часот на ул. „Ленинова“ во Ресен, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај го лишиле од слобода Х.Б.(68) од Ресен.

При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „фоксваген“ со ресенски регистарски ознаки, кое го управувал Х.Б., и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,58 промили алкохол во крвта. Т

ој бил исклучен од сообраќај и задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.