Шветска

Муцунски: Европската интеграција на државата во фокус на работната посета во Шведска

13.05.2025 10:40

Муцунски изрази благодарност за континуираната и принципиелна шведска поддршка за процесот на проширување на Европската унија, со посебен акцент на заложбите за целосно пристапување на нашата држава и останатите земји од Западниот Балкан – шведската посветеност на политиката на проширување е клучен фактор за интеграцијата на регионот.

Евроинтеграцискиот процес на државата, поддршката од Шведска во овој процес, како и реформските процеси во клучните области, беа во фокусот на средбата со министерката за европски прашања на Шведска, Џесика Розенкранц.

Муцунски изрази благодарност за континуираната и принципиелна шведска поддршка за процесот на проширување на Европската унија, со посебен акцент на заложбите за целосно пристапување на нашата држава и останатите земји од Западниот Балкан – шведската посветеност на политиката на проширување е клучен фактор за интеграцијата на регионот. Повторив дека билатералните прашања не треба да бидат пречка и дека процесот мора да се базира на заслуги и постигнувања.

Министерката Розенкранц потврди дека Шведска останува силен поддржувач на проширувањето на Унијата и нагласи дека и во иднина ќе продолжат да ги поддржуваат партнерските земји, како нашата, со која негуваат одлични билатерални односи.