Од утре започнува одбележувањето на Денот на АРМ
Почнува одбележувањето на Денот на армијата 18-ти август. Утре на градските гробишта во Бутел ќе се полагаат венци проследени со воени почести на партизанските гробишта, на последните почивалишта на претседателите Борис Трајковски и на Киро Глигоров и на првиот командат на македонската војска генерал Михаило Апостолски.

Одбележувањето на Денот на македонската армија ќе продолжи со средби на министерот Зоран Јолевски и началникот на Генерал штабот, генерал потполковник Горанчо Котески со вработените во Армијата и во Министерството за одбрана.
Централната свеченост на Денот на македонската армија ќе се одржи на 18-ти август на воениот стадион во Охрид.