Мексико
Застрелана кандидатката за градоначалник во Веракруз
13.05.2025 11:24
Напаѓачи застрелаа кандидатката за градоначалник на владејачката партија во мексиканската држава Веракруз на брегот на Мексиканскиот Залив. Во инцидентот загинаа уште четири лица...

Вооружени напаѓачи застрелаа кандидатката за градоначалник на владејачката партија во мексиканската држава Веракруз на брегот на Мексиканскиот Залив. Во инцидентот загинаа уште четири лица. Ова е второ убиство на локален кандидат пред изборите закажани на први јуни.
Гувернерката на Веракруз рече дека 57 локални кандидати побарале обезбедување понудено од државната и федералната влада. Според властите, организираните криминални групи се обидуваат да ја преземат контролата врз локалните самоуправи.
