ДЗР

22 општини не го исполнуваат стандардот за зеленило од 25 метри квадратни

13.05.2025 12:27

Oд 34 општини со седиште во град, 22 не го исполнуваат стандардот за зеленило од 25 метри квадратни по глава на жител – покажува извештајот на Државниот завод за ревизија...

Oд 34 општини со седиште во град, 22 не го исполнуваат стандардот за зеленило од 25 метри квадратни по глава на жител – покажува извештајот на Државниот завод за ревизија. Само осум имаат важечки урбанистички план, повеќето работат со застарени и непостоечки планови.

Масовната урбанизација, долгите постапки за донесување на урбанистичките планови, немањето годишни програми за урбано зеленило, неизрекувњето казни кон прекршителите – придонесуваат за загрижувачката состојбата.

Според извештајот, 18 општини немаат донесено годишни програми за одржување на зеленилото, а 59 проценти не инвестирале во нови зелени површини. Ревизорите предупредуваат дека немањето доволно зелени површини придонесува до зголемување на загадувањето и го намалува квалитетот на животна средина. Препорачуваат итни мерки за да се подобри животот во урбаните средини.