Регион

Вучиќ-Кошта: ЕУ верува во европската иднина на Србија

13.05.2025 13:35

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта на средба со српскиот претседател Александар Вучиќ. в четврток доаѓа во Македонија во рамки на посетата на Западен Балкан. Ќе има средби со државниот врв...

Дијалогот со Приштина, реформите, измените на изборните закони согласно препораките на ОДИХР и патувањето на Вучиќ во Москва во фокусот на разговорите на претседателот на ЕС Кошта со претседателот на Србија Александар Вучиќ.

„Политичката волја на Србија е да ја забрза својата интеграција, да си ја заврши работата, да го отвори третиот кластер што е можно поскоро, дали тоа ќе биде во јуни или октомври, не мислам дека кој било тоа може да го знае. Атмосферата сега, убеден сум поради патувањето во Москва, не е толку добра, но ние сме на пат да исполниме сè што ветивме во март и тогаш верувам дека ќе има разбирање во Европа за напредок базиран на заслуги и ќе можеме да добиеме зелено светло за кластер 3“, изјави Александар Вучиќ Претседател на Р. Србија

Кошта рече дека му било објаснето оти во Москва се прославувал настан од минатото и дека Србија моментално е посветена на процесот на пристапување во ЕУ и дека знае дека мора да се постигне целосна хармонизација на надворешната и безбедносната политика.

„Не можеме да ја промениме историјата. Србија го слави ослободувањето, но ние не можеме да го славиме ослободувањето, а да не ја осудиме агресијата“, рече Кошта.

„Драг Александар, процесот на пристапување се темели на градење доверба. Знам дека многумина, не само во Србија туку и во регионот ја изгубија довербата во овој процес, но дојдов лично да ве уверам дека иднината на Србија е во ЕУ. Топката сега е во ваш двор. Ве молам, да не губиме време, бидејќи иднината нема да чека. Ајде да го отвориме кластерот и да го продолжиме процесот“, рече Антонио Кошта Предсетал на Европскиот совет

Како што кажа Вучиќ на средбата не е разговарано за студентските барања од протестите. Кошта ја продолжува посетата на регионот и во четврток ќе престојува во Скопје.

 

Од Белград за МТВ-Оливер Бранковиќ