Политика

Реакции по одлуката Таравари да излезе од Владата

13.05.2025 13:28

ВМРО-ДПМНЕ вечер на седница на Извршниот комитет ќе ја разгледува ситуацијата по излегувањето на Алијанса за Албанците на Таравари од владата. Од партијата негираат дека се разговара за какви било рокади во извршната власт...

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вечер на седница на Извршниот комитет ќе ја разгледува ситуацијата по излегувањето на Алијанса за Албанците на Таравари од владата. Од партијата негираат дека се разговара за какви било рокади во извршната власт. Но, почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери. Таравари се интересирал за бизниси, за Груби и за Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Меџити од „Вреди“ со остра реторика на социјалните мрежи-Таравари не ја напушти, туку ја предаде Владата.

Марина Стојанова-Тонева известува.