Табарез на операција, селекторувањето не е загрозено!
Селекторот на уругвајската фудбалска репрезентација, Оскар Табарез, повторно ќе оди на операција на грбот, со што привремено клупата на националниот тим ќе остане празна. Поради здравствените проблеми на Табарез, Фабијан Които ќе го води Уругвај во контролните натпревари со Јапонија на 5-ти во Сапоро и со Република Кореја на 9-ти септември во Сеул.

67-годишниот Табарез беше највозрасниот селектор на Мундијалот во Бразил на којшто Уругвај загуби во осминафиналето од Колумбија. На претходното Светско првенство во Јужна Африка, под негова селектороска палка Уругвај играше во полуфиналето.
Весникот „Ел Паис Монтевидео“ пишува дека и покрај оваа ситуација, уругвајските фудбалски челници не размислуваат за евентуална замена на Табарез. Напротив, тој има важечки договор во квалификациите, а потоа и за следното Светско првенство во Русија во 2018-та. Табарез е на функцијата од 2006-та, а претходно го предводеше Уругвај и во периодот од 1998-ма до 1990-та.