Верските лидери потпишаа Декларација против насилен екстремизам
Верските лидери во земјата потпишаа Декларација против насилен екстремизам. Овие заедници се меѓу клучните чинители во превенцијата и спречувањето. Присуството и активностите со граѓаните кои положуваат доверба кон нив можат да бидат од голема полза во зајакнувањето на заедниците како целина....

Да се почитуваат суштините на верите, а тоа се мирот и милосрдието, порака од потпишувањето на Декларацијата против насилен екстремизам од страна на верските лидери во Македонија. Верата не треба да се користи како изговор за поделби и насилство, стои во декларацијата, потпишана од поглаварот на Македонската православна црква, Охридска архиепископија, г.г Стефан, како и лидерите на католичката, исламската и еврејската заедница во Македонија.
Со декларацијата се осудува насилниот екстремизам, но и секоја друга форма на насилство.
Верските лидери ги повикуваат верниците да ги почитуваат духовните и морални вредности, произлезени од светите книги.
Марија Котовска
