Економија

Граѓаните прават калкулации за летување, туристичките агенции преплавени со понуди

13.05.2025 17:30

Ќе биде ли летувањето поскапо? Граѓаните прават калкулации – хотелско или апартманско сместување, туристичките агенции преплавени со понуди.

Нема да има поскапувања на летните аранжмани уверуваат од туристичките агенции. А цените се зависно од џебот и барањата на туристите од 350 евра пред сезона до неколку илјади евра на егзотични дестинации. Интересот за патување ова лето е голем и има резервации уште од минатата година. Најбарани се аранжманите за Грција, Црна Гора, Хрватска, Турција, Египет, Италија и Шпанија со воведувањето на новите авионски линии.

Граѓаните прават калкулации, хотелско и апартманско сместување. Летниот одмор го гледаат како можност за бегство од секојдневните обврски и стресот.

Патувањата создаваат искуства и спомени, но по Ковид пандемијата и тие станаа луксуз.

Александра Велинова