Продолжува Самитот „Македонија 2025“
Намалувањето на бројот на ученици и студенти останува најголем предизвик во образованието, вели министерката Јаневска. Експертите со препорака – наставните програми да не бидат обемни, учениците да се насочат кон најновите светски трендови и технологии...

Иселувањето и намалувањето на наталитетот главен проблем за Македонија, нотира министерката Јаневска на вториот ден од Самитот Македонија 2025. Земјава обезбедува доволно кадар на пазарот на трудот, но напорите смета дека треба да се насочат кон полесен пристап до работа и до подобри услови за живот. Дуалното образование дава резултати, средношколците од стручните училишта најбарани кај компаниите.
Според странските експерти, Македонија го има најквалитетниот кадар на Балканот. Препорачуваат наставните програми да не бидат обемни, туку учениците да се насочат кон најновите светски трендови и технологии.
Во тек се реформите во основното и средното образование. По нови наставни програми од септември ќе учат седмооделенците, вгодина и учениците од осмо. Во подготовка се и новите наставни програми за средношколците кои не се обновени 24 години. Промените во високото образование ќе се случат подоцна, но засега 13 институти добија клуч на врата, а под лупа сè уште толку информираше Јаневска.
Викторија Милевска
