Политика

По одлуката Таравари да излезе од Влада, реагираа партиите

13.05.2025 16:41

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ вечер на седница на Извршниот комитет ќе ја разгледува ситуацијата по излегувањето на Алијанса за Албанците на Таравари од Владата. Од партијата негираат дека се разговара за какви било рокади во извршната власт. Но, почнаа обвинувањата меѓу досегашните партнери. Таравари се интересирал за бизниси, за Груби и за Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Меџити од „Вреди“ со остра реторика на социјалните мрежи-Таравари не ја напушти, туку ја предаде Владата...

„Не може некој да биде дел од Владата а при тоа да седи во прегратките на криминалот на СДСМ и ДУИ“-став на ВМРО-ДПМНЕ, по одлука на Таравари да замине во опозиција. На Извршниот комитет на партијата, распределбата на функционерските места кои досега ги раководеше Алијанса за Албанците. Што се однесува до причините поради кои Таравари ја напушта Владата по нецела година, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека досега првиот човек на Алијансата не ги спомнал на состаноците на кој редовно учествувал, напротив во фокусот на неговите интереси биле прашања поврзани со тендери и со ДУИ.

Дел од владините партнери веќе проговорија за новата распределба. Касами од ВРЕДИ рече дека во игра е Министерството за образование. Министерката Јаневска не открива детали-за тоа се знае кој ќе одлучи.

За СДСМ излегувањето на Алијанса за Албанците од Владата е директна потврда дека Владата на Мицкоски е нефункционална, деструктивна и целосно заглавена во сопствените интереси. Коалицијата полека се ситни затоа што нема причина да постои – велат социјалдемократите.

Меџити од ВРЕДИ се огласи на социјалните мрежи. Таравари не ја напуштил, туку ја предал Владата, и неговото заминување го оцени како разочарување за сите Албанци што гласале за промени.

 

Марина Стојанова-Тонева