Здравство

Рехабилитацијата е клучна за повредените во несреќата во кочанската дискотека

13.05.2025 16:52

Рехабилитацијата е клучна за повредените во несреќата во кочанската дискотека за да можат тие да бидат функционални и да му се вратат на секојдневието. Директорот на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација апелира да не се губи ниту еден ден, ниту да се кратат вежбите особено кај оние пациенти чија подвижност е намалена поради долгите хоспитализации...

Раздвижување на рацете и на прстите за да им се врати функцијата, ова го препорачуваат лекарите од странство на повредените во несреќата во Кочани, вели докторката Анета Бајалска, од Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје која ја помина британската обука.

Преку практични примери научиле како да им помогнат на пациентите кои имаат сериозни повреди од изгореници.

Освен пациентите коишто имаат повреди на рацете, главата и вратот, има и пациенти на кои подвижноста им е намалена поради долги хоспитализации, но со сите ќе се работи индивидуално.

Пациент со повреди на мускулно-скелетниот систем и пациентка од странство со трансплантација на кожа на рацете и вратот, во моментот се на рехабилитација на Клиниката за физикална медицина.

 

Наташа Јанчиќ- Менковски