Фрчковски заработи кривична пријава за злоупотреба на буџетски пари
Кривична против ексамбасадорот Љубомир Фрчковски за злоупотреба на буџетски пари. Според МВР од заедничката продажбата на објект од поранешна СФРЈ на буџетската сметка на земјава наместо скоро 4 милиони долари уплатил помалку близу 59.000 долари. Тој вели пријавата е своевиден притисок на неговите критики спрема власта.

Како шеф на постојаната мисија при ООН во Њујорк, од вкупната сума од заедничката продажбата на објект од поранешна СФРЈ на буџетската сметка на земјава наместо скоро 4 милиони долари уплатил помалку близу 59.000 долари. Заради оваа злоупотреба на службената положба и овластувања Љубомир Фрчковски заработи кривична пријава од Единицата за финансиски криминал при секторот за криминалистички истраги во одделот за сузбивање на организиран криминал велат од МВР.
Фрчковски меѓу другото се товари за незаконското и ненаменско користење на буџетските средства за земени аванси за службен пат, пречекорувања на дозволениот износ за мобилен телефон, подигнати парични средства од касата на ПМ за поправка на службено возило без претходна согласност од МНР, со што заедно со другите тројца осомничени го оштетил буџетот за близу 117.000 долари.
Од Обвинителството потврдија дека пријавата пристигнала кај нив.
„Пријавата е примена вчера. Распоредена е кај јавен обвинител и по неа се постапува“, велат од Јавното обвинителство.
Во јавноста се огласи и Фрчковски. Според него пријавата е полна со неточности и е своевиден притисок на неговите критики спрема власта.
„После голема пауза на проценка дали професорот ќе молчи или ќе ја критикува власта за погубните политики, МНР сепак одлучило да изврши притисок со појава на комична и полна неточности кривична пријава за целата екипа на амбасадата во Њујорк со цел ширење страв и замолчување“, реагира Фрчковски.
Љубомир Фрчковски беше шеф на постојаната мисија на ООН во Њујорк во периодот од април 2022 година до октомври 2024 година.
Фиљана Кока
