Македонија

Велковски ќе ја отвори регионалната конференција со наслов: „Предизвици во областа на трудот и социјалната инклузија на лицата со попреченост во ЗБ

14.05.2025 08:27

Конференцијата е во рамките на регионалниот проект „EMPOWERED – Инклузија на лица со попреченост, регионална соработка и развој во Западен Балкан“, финансиран од Сојузното министерство за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија (BMZ)...

Денеска заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски ќе ја отвори регионалната конференција со наслов: „Предизвици во областа на трудот и социјалната инклузија на лицата со попреченост во Западен Балкан“.

Конференцијата е во рамките на регионалниот проект „EMPOWERED – Инклузија на лица со попреченост, регионална соработка и развој во Западен Балкан“, финансиран од Сојузното министерство за економска соработка и развој на Сојузна Република Германија (BMZ).


Конференцијата е во заедничка организација на Министерството за социјална политика, демографија и млади на Република Северна Македонија и Arbeiter-Samariter-Bund Deutschland e.V. – Канцеларија за Југоисточна Европа (ASB SEE), во партнерство со локални и регионални чинители од шест земји.