Учество на НГШ на Армијата на Конференција на Воениот комитет на НАТО
Воениот комитет, со кој ќе претседава претседавачот на ова тело на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, ќе го отвори генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој ќе ги изнесе клучните приоритети и предизвици со кои се соочува Алијансата...

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-мајор Сашко Лафчиски денеска во седиштето на НАТО во Брисел, Кралство Белгија, ќе учествува на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во формат на началници на Генералштабови.
Воениот комитет, со кој ќе претседава претседавачот на ова тело на НАТО, адмирал Џузепе Каво Драгоне, ќе го отвори генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој ќе ги изнесе клучните приоритети и предизвици со кои се соочува Алијансата.
На конференцијата, покрај претставниците од 32-те земји членки на НАТО, ќе присуствуваат и командантите на Врховната сојузничка команда на НАТО за Европа и Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација.
Конференцијата ќе се одвива во неколку сесии, а на дел од нив генералот Сашко Лафчиски ќе има и свое обраќање.
Воениот комитет на НАТО претставува највисоко воено тело на Алијансата и е најстарото постојано тело на НАТО по Северноатлантскиот совет. Ова тело заседава во различни формати, а највисокиот формат е на ниво на началници на Генералштабови, кој вообичаено заседава три пати годишно, два пати во седиштето на НАТО и еднаш во земја членка на НАТО.
