Собрание

Дополнетиот Предлог на закон за енергетика денеска во Собрание

14.05.2025 08:29

48. седница, како и продолжение на 47. Дополнетиот предлог на закон за енергетика, во второ читање, е на дневен ред на 48. седница на која ќе се одлучува и за Предлогот за разрешување и именување на претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување...

Собранието денеска треба да одржи ја 48. седница, како и продолжение на 47. Дополнетиот предлог на закон за енергетика, во второ читање, е на дневен ред на 48. седница на која ќе се одлучува и за Предлогот за разрешување и именување на претседател на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување.

За предлог законот за енергетика во текот на комисиската расправа беа прифатени 61 амандман од пратеници од сите пратенички групи. Главни придобивки од законот, според Министерството за енергетика се либерализиран, транспарентен и конкурентен пазар за електрична енергија, што ќе значи поголем избор и пофер цени за потрошувачите, како и воведување на паметни броила, што овозможува прецизно мерење на реалната потрошувачка на електрична енергија и увид на крајниот потрошувач во својата потрошувачка на електрична енергија на дневна основа. Исто така, поддршка за нови концепти како граѓански енергетски заедници и модели на активно управување со побарувачката, зголемена пазарна ликвидност и пристап до повеќе извори на снабдување за стопанството и подеднаква можност за инвестиции на сите и инфраструктурна стабилност, преку инвестиции во системи за складирање и дигитализација на системите.

За расправа пред пратениците на 48. седница се и предлог законите за изменување и дополнување на Законот за заштита на децата, во второ читање, на Законот за оружјето, по скратена постапка и на Законот за локалната самоуправа, во прво читање.