Блиски Исток

Напади во Газа наспроти хуманитарната криза

14.05.2025 08:56

Русија, Кина и Велика Британија го отфрлија американско-израелскиот план за дистрибуција на помош во енклавата и наместо тоа го повикаа Тел Авив да ја укине двомесечната блокада. Хуманитарната помош никогаш не смее да се користи како политичка алатка или воена тактика-велат од ООН...

Израел ги интензивира нападите во Газа ветувајќи дека ќе продолжат да го гонат Хамас и неговите лидери не дозволувајќи да ги користат болниците и хуманитарните објекти како засолништа и терористички штабови. Во истовреме, хуманитарната криза се продлабочува. Русија, Кина и Велика Британија го отфрлија американско-израелскиот план за дистрибуција на помош во енклавата и наместо тоа го повикаа Тел Авив да ја укине двомесечната блокада. Хуманитарната помош никогаш не смее да се користи како политичка алатка или воена тактика-велат од ООН.

„Блокирањето на помошта како лост за притисок е неприфатливо, како и проширените израелски воени операции. Ние силно се спротивставуваме на обете акции кои не прават ништо за да им служат на долгорочните интереси на мирот и безбедноста во регионот, ниту пак, за да обезбедат безбедно враќање на заложниците“, изјави Барбара Вудворд, постојан претставник на Обединетото Кралство во ООН.