Македонија

Кошта утре пристига во прва официјална посета на Македонија

14.05.2025 08:35

Целта на неговата балканска турнеја е да се заживее процесот на интеграција во европската унија и да им даде насоки на земјите кандидатки за работите што треба да се исполнат за напредување во преговорите. Првиот човек на Европскиот совет, Кошта ќе има средба со владини претставници и со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта утре пристига во прва официјална посета на Македонија.

Целта на неговата балканска турнеја е да се заживее процесот на интеграција во европската унија и да им даде насоки на земјите кандидатки за работите што треба да се исполнат за напредување во преговорите. Првиот човек на Европскиот совет, Кошта ќе има средба со владини претставници и со претседателката Гордана Сиљановска Давкова.

Претходно, Кошта ги посети Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово, а по Македонија и Албанија каде ќе се одржи Самитот на европската политичка заедница.