САД

САД со повик до Иран за ново партнерство

14.05.2025 09:28

Од Ријад порача дека ќе ги укине санкциите врз Сирија за да ѝ даде на земјата шанса за мир. Но, го повика и Иран да тргне по нов и подобар пат додека го притиска Техеран за нов нуклеарен договор...

Трамп ја продолжува турнејата во земјите од Заливот. По средбата во Саудиска Арабија која вроди плоден договор за оружје вреден 142 милијарди долари, заминува за Катар. Од Ријад порача дека ќе ги укине санкциите врз Сирија за да ѝ даде на земјата шанса за мир. Но, го повика и Иран да тргне по нов и подобар пат додека го притиска Техеран за нов нуклеарен договор.

„Подготвен сум да ги прекинам минатите конфликти и да создадам нови партнерства за подобар и постабилен свет, дури и ако нашите разлики се длабоки. Ако раководството на Иран го отфрли ова, немаме друг избор освен да извршиме максимален притисок и да го намалиме извозот на иранска нафта на нула“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

По Катар, Трамп заминува за Обединетите Арапски Емирати.