Свет
Почина Хозе Мухика, поранешен претседател на Уругвај
14.05.2025 09:02
Тој, беше култна фигура поради својот скромен начин на живот и доби меѓународна поддршка поради неговиот цврст антиконзумеристички став...

На 89-години почина поранешниот претседател на Уругвај, Хосе „Пепе“ Мухика-познат како „најсиромашниот претседател“ во светот затоа што даваше поголем дел од својата плата додека беше на функција од 2010 до 2015 година. Тој, беше култна фигура поради својот скромен начин на живот и доби меѓународна поддршка поради неговиот цврст антиконзумеристички став.
За време на неговиот мандат, Уругвај донесе голем број прогресивни закони.
