Специјалната претставничка на Обединетото Кралство во официјална посета на Македонија
Специјалната претставничка на Обединетото Кралство, Карен Пирс ќе се сретне со претседателката Гордана Сиљановска Давкова, со премиерот Христијан Мицкоски, со претседателот на Собранието Африм Гаши и со министерот за одбрана Владо Мисајловски...

Специјалната претставничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, Карен Пирс, ќе ја оствари својата прва официјална посета на Македонија.
Карен Пирс, се додава во соопштението, е една од најискусните дипломати на Обединетото Кралство, таа е назначена за специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан, во февруари оваа година, откако ја презеде функцијата од главниот воздухопловен маршал Лорд Пич.
Специјалната претставничка на Обединетото Кралство, Карен Пирс ќе се сретне со претседателката Гордана Сиљановска Давкова, со премиерот Христијан Мицкоски, со претседателот на Собранието Африм Гаши и со министерот за одбрана Владо Мисајловски.
Целта на посетата е да се потврди силната посветеност на Обединетото Кралство на евроатлантската интеграција на Македонија, да се зајакнат економските и трговските врски и непосредно да се соработува во однос на нашите заеднички вредности за промовирање на меѓународниот мир и безбедност во Западен Балкан. Ние ќе продолжиме да бидеме близок партнер и силен сојузник на Македонија во НАТО, се наведува во соопштението.
